Збор за надеж на социјалните мрежи!

На нашите официјални страни на Facebook и Twitter може да ги споделите пораките кои ги имате напишано и испратено на Збор за надеж картичките.
Сите пораки ќе бидат видливи на Facebook и Twitter. Кога ќе заврши проектот, ќе се направи селекција на најтрогателните пораки и ќе бидат испратени на адресите на луѓето чии домови најмногу беа погодени од поплавите, а ќе биде организирана и хуманитарна забава каде авторите на овие пораки ќе се сретнат со луѓето кои ги примиле нивните картички.

Како да Се Донира?

Може да се приклучите на Збор за надеж преку праќање на поштенски картички Збор за надеж со Вашата рачно напишана порака за надеж и поддршка за луѓето погодени од поплавите, на следнава адреса:
Агенција за пошти
П. Фах 160
1000 Скопје
Република Македонија
Поштенските картички се бесплатни и можат да се најдат во скоро секоја поштенска единица на АД Македонска пошта. Поштарината може да ја платите во кеш или да купите маркички во износ од најмалку 18 денари за една картичка. Исто така, може да купите картички во поголем износ од 18 денари, износ кој одговара на вашата донација. Понатаму, може да испратите колку сакате картички. На следниот линк може да ја најдете локацијата на сите пошти на Македонска пошта, каде може да земете картички Збор за надеж и да ги испратите на адресата на Агенцијата за пошти. Освен тоа, картичките може да ги оставите во едно од сандачињата поставени на територијата на Македонија.

Локации

Како Може да Помогнете?

Колку донирам?

Со пишување на една порака и испраќање на една картичка Збор за надеж, Вие донирате 18 денари на Фондот за солидарност на Црвениот крст за поплавените области.
Можете да праќате и донирате колку сакате картички или да залепите маркички во износ за кој ќе одлучите. Важно е да се запомни да се напишат неколку зборови за надеж и поддршка за луѓето погодени од поплавите.

Како да го поддржам проектот?

Ако сте во графичката индустрија, можете бесплатно да ја симнете нашата илустрација (достапна на Македонска, Албанска и Англиска верзија)и да испечатите најмалку 500 картички. Може да ги користите овие насоки за печатење. После печатење, може да ги испратите во било која поштенска единица на Македонска пошта или може да се приклучите како локација за партнер на Збор за надеж со прикажување на промотивни материјали за Збор за надеж како точка каде картичките можат да се подигнат или да станете партнер кој може да биде точка за испраќање. Доколку решите да бидете партнер како точка за испраќање, Македонска пошта ќе Ви обезбеди мобилно поштенско сандаче за дневно собирање на картичките. Може да ги мотивирате Вашите вработени за поддршка доколку го промовирате овој проект преку делење на нашите промотивни Збор за надеж постери или преку организирање на испраќање на Збор за надеж картички на ниво на компанија.

Кога завршува проектот?

Збор за надеж ќе биде активен проект сè додека последното семејство погодено од поплавите не се врати во својот дом и последните простории не се поправени и повторно за употреба.  Успехот на овој проект зависи од Вашата волја да напишете неколку зборови и да докажете уште  еднаш дека зборовите за надеж понекогаш можат да обезбедат поддршка од која ќе истраеме многу години од кога страдањето и болката ќе избледнеат. Зборовите за Надеж исто така, покажуваат дека сите ние сме кревки и ранливи, и иако не сме во можност да пружиме финансиска поддршка, можеме да напишеме зборови кои би можеле некому да значат повеќе од финансиска помош.

Испратени Збор за Надеж честитки

1.289