За нас

Збор за надеж е хуманитарен концепт кој ги поврзува луѓето низ светот преку поштенска комуникација во нивниот постојан напор да му помогнат на човештвото преку хуманитарна помош и споделување на добра волја и утешни Зборови на Надеж.

Данскиот илустратор г-дин Питер Херман беше првиот европски уметник, кој ја осмисли илустрацијата за 2016 година за поштенските картички кои можат да се најдат во секоја поштенска единица на АД Македонска пошта. Поштенската картичка е бесплатна и доколку сакате да се вклучите во нашиот хуманитарен проект, сè што треба да направите е да ја адресирате картичката Збор за надеж 2016 на следнава адреса: Агенција за пошти, П. Фах 160, Скопје, Република Македонија, а за целосниот износ на поштарината кој ќе го платите, Македонска пошта ќе даде парична донација на Фондот на солидарност на Црвениот крст за помош на македонските граѓани кои беа погодени од поплавите од 6 август, кога најмалку 21 луѓе ги загубија животите.

Збор за надеж е отворена платформа и секој може да се приклучи. Организации може да донираат, но исто така можат да учествуваат преку бесплатно печатење одреден број на поштенски картички и дистрибуирање на локално или национално ниво, преку мрежата на поштенски единици или на компаниите кои го подржуваат овој проект. На следниот линк  може бесплатно да ја симнете илустрацијата на г-динот Херман и да го побарате нашиот сертификат за Официјален поддржувач на Збор за надеж и истата ќе можете да ја користите за бесплатно печатење и дистрибуција на поштенската картичка Збор за надеж 2016.

Ова би можело да биде тековен, постојан проект и останува на НАС, на нашата посветеност и хуманост. За секоја испратена картичка, износот на поштенските марки кои ќе ги купите за да ја адресирате картичката, се донира во Фондот на солидарност на Црвениот крст. Минималниот износ е 18 денари за една картичка. Можете да испратите колку картички сакате или да купите било кој износ на марки. Сè додека испраќате картички Збор за надеж на П. Фах 160, 1000 Скопје, фондот станува побогат  не само со парични средства, туку и со искрени, човечни зборови напишани со рака и со душа како олеснување на настраданите, кои не можат да се потрошат; можат само да бидат чувани во срце за да нè потсетат дека сите сме кревки и ранливи и нашата единствена шанса е сплотеноста кога во тешки времиња се чувствуваме беспомошни.

Кога проектот ќе заврши, сите трогателни пораки пратени до нас преку овој  проект, ќе бидат адресирани до семејствата погодени од поплавите кога нивните домови ќе бидат реновирани, преку поштенски сандачиња донирани од страна на Македонска пошта за нивните домови. Се надеваме дека тие ќе станат трајно сеќавање на човечноста во сите нас и потсетник за идните генерации дека преку поштенската мрежа човечноста продолжува да се споделува сè додека постои човештвото!

Ова е отворена платформа основана од Агенцијата за пошти, национално поштенско регулаторно тело, во соработка со АД Македонска пошта, национален поштенски давател во Република Македонија. Илустрацијата Збор за надеж и името Збор за надеж се регистрирани заштитни марки на AP.mk. Илустрацијата Збор за надеж како главна слика при презентирање на нашиот проект е многу важен дел на интелектуална сопственост и ќе се употребува единствено доколку имате добиено претходна писмена согласност од Агенцијата за пошти на Република Македонија.

 

Приказната зад проектот Збор за надеж

Поштенската картичка Збор за надеж е извонредна илустрација создадена ексклузивно за проектот Збор за надеж од страна на младиот дански илустратор Петер Херман.

За уметникот

Петер е роден во Данска во 1974 година, и почнал со сликање од најрано детство. Најчесто со мрсни боички и малку плунка. Не оставал празно место. Всушност, ако ова не беше online, тој најверојатно ќе црташе на маргините на страната. Неговата опсесија за пополнување на секое празно место со цртежи му предизвикале проблеми за време на неговото средношколско образование. Се почувствувал како дома дури откако го открил училиштето Куберт во Довер, САД. Со помошта на стипендии од данскиот принц Јоаким и данското Министерство за култура, запливал во уметноста на карикатурата. После една година, откако финансиите се исцрпеле, се вратил во Данска и го продолжил своето графичко образование на Designskolen Kolding. По завршување на првите три години, го напуштил образованието и започнал да работи со полно работно време како илустратор и никогаш не се осврнал назад.

Некои од неговите клиенти се: The New York Times, Businessweek, The Progressive, Special-Pædagogisk Forlag, Forlaget Alinea, Ud&Se, Danish National Television, Seattle Metropolitan, Klassisk, Politikens Forlag и многу други.

Од 2004 до 2010 година, Петер работел како редакциски илустратор за Kristeligt Dagblad, а сè уште работејќи хонорарно на страна. Во последно време, започнува со работа на многу насловни страни на книги, ја има илустрирано својата прва книга за деца и илустрирана книга за библиската приказна за Мојсеј и десетте заповеди, која е штотуку објавена. Ова може да биде индиција за нова насока во работата на Петер.

Тој живее во Данска со својата сопруга и нивниот син. Исто така, тој е страстен тркач и ужива во трчањето.

Илустрацијата

Илустрацијата првенствено беше создадена за солидарниот фонд за поплавите во 2015 година. За жал, на 6 август 2016 година, поплава од огромни размери го погоди Скопје, главниот град на Македонија, каде најмалку 21 луѓе го изгубија животот. Г-дин Херман великодушно се согласи да помогне во напорите на поштенскиот свет за хуманитарен фонд на солидарност, финансиран од поштарината платена за испраќање на картичките Збор за надеж со илустрацијата на Петер и личните пораки на испраќачите за поддршка и сочувство.